недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Андреј ти си наш шампион и сите останати како тебе ќе ги подржуваме секогаш, наша должност е да ја подржиме борбата за подобро“

„Андреј ти си наш шампион и сите останати како тебе ќе ги подржуваме секогаш, наша должност е да ја подржиме борбата за подобро“

Андреј Стојаноски младиот Македонец кој плива веќе 15 години, но не го слуша звукот на водата. Младиот Македонец, 22 годишниот Андреј Стојаноски кој ни е пример, репер, за борба за подобро утро на секој еден од нас. Овој наш херој кој соборува светски рекорди, има 3 спортски оскари, над 250 медали и награди и беше вицешампион на Светското првенство во пливање за лица со оштетен слух во 2015 година. Андреј ти си јунак, мотивација и доказ за тоа дека треба да се бориме за подобро утро за секој од нас. Андреј ти си наш шампион, и сите останати шампиони како тебе ќе ги поддржуваме секогаш, затоа што наша должност е да ја подржиме борбата за подобро. Андреј остани наша гордост, сите вие сте наша гордост!, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на Фејсбук.

Најнови вести