петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андријана Јаневска и Стефче Стојковски против уривањето на „Универзална сала“

Андријана Јаневска и Стефче Стојковски против уривањето на „Универзална сала“

По веста која ја налути и разбранува јавноста дека „Универзална сала“ можеби ќе се руши и на нејзинио место ќе никне некаков парк со летна сцена, нешто во чија позадина како кукавичко јајце во туѓо гнездо, лежет лични бизнис интерси, цунамитѕо од реакции не престанува. од обични граѓани, до некогашни вработени и соработници во „Јавна установа Центар за организирање приредби Универзална сала“, како што гласи полниот назив на оваа институција, која не е само обичен концертен објект, туку од првиот ден на своето постоење се јавувала како организатор на бројни настапи, концерти, фестивали, манифестации, претстави… Со еден збор креативно – културен храм, институција и самата по себе и културно светилиште по култот која го изградила за себе, пишува естрадниот портал Вистина.

Токму затоа најгласни се и оние кои биле дел во градењето на тој културен култ, а меѓу нив секако и дел од македонските музички, естрадни и фолклорни… уметници.

Андријана Јаневска, познатата македонска пејачка, виолинистка и музички педагог е една од оние која токму својата кариера, своето уметничко деби го имала во „Универзална сала“. Непосредно пред своето заминување за Преспа, во делот на Република Албанија, каде токму за претстојниот празник – Илинден на плоштадот во овој град со свој концерт годинава ќе го отвори “Македонско културно лето” во Албанија, Андријана Јаневска во кусата изјава за Вистина.ком.мк порача:

„Мојот прв настап беше во Универзалната сала. Таму ја започнав кариерата, дебитирајќи на Скопскиот фестивал. По природа сум тип на човек кој сака да гради, а не да руши и сигурна сум дека може да се најде решение оваа сала повторно да функционира, оттука, каде што е од истата локација“ – изјави Јаневска.

Познатиот македонски фолклорист, народен уметник и мултиинструменталист кој свири повеќе народни инструменти – Стефче Стојковски кој многупати настапувал во „Универзлна сала“ дури и со некои од најголемите имиња и легенди на македонскиот изворен фолклор, исто така жестоко се спротиставува на уривањето на салата, тврдејќи дека градењето е доблест а уривањето особено на еден ваков култен културен објект е знак на творечка и духовна немоќ:

„Мојот личен став во врска со најавите за рушење на Универзална сала е дека доколку таа се сруши , ќе се сруши еден солидарен подарок, донација од 30-етина држави како хуманитарна помош за овој културен објект јој изграден после земјотресот. Ќе се срушат спомените од моето детство, спомените од моите настапи со познатите македонски музички легенди, Васка Илиева, Вања Лазарова, Александар Сариевски и многу други… Доблест, големина, белег на една нација е да се сочува, надгради или возобнови веќе изграденото, или да се изгради ново поубаво од постоечкото. Да се руши , да се урива, да се уништува, разурнува, по мене е знак на дестимулација , слабост, очај, безидејност и творечка духовна немоќ“ – заклучува Стојковски во изјавата за нашиот портал.

 

Најнови вести