петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ангелеска: Официјални информации од власта за бегството на Груевски се уште немаме

Ангелеска: Официјални информации од власта за бегството на Груевски се уште немаме

Информации за бегството на бившиот премиер, Никола Груевски се уште официјално од нашата држава немаме. Добивме информации од сите околни земји каде што наводно премиерот бивши патувал на својата дестинација до Будимпешта. Меѓутоа не добивме официјални информации од нашата влада од нашите органи кои што требаше тоа да го кажат, потенцираше г-ѓа Силвана Ангелеска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при гостување на емисијата „Патот кон“.

Пратеничката Ангелеска појасни дека од она што граѓаните се запознаени е преку објавувањето на еден ФБ статус односно два ФБ статуси на Никола Груевски од Будимпешта каде што ги кажува причините поради кои што се одлучил на таквиот чекор. Ние како партија уште од поодамна тврдиме дека ова е политички прогон дека навистина делото за кое се товареше Никола Груевски и дел од неговите соработници е еден монтиран политички случај. СЈО ја игра таа игра на политичката намера на СДСМ да ги гони бившите функционери на ВМРО-ДПМНЕ за дела кои што навистина гледате дека и другите земји веќе се изјаснија дека нема ни своја логика ова, за нешто што нема финансиски импликации, нема финансиска штета.

Мерцедесот кој што власта ќе го продаваше и ќе купуваше амбулантни возила сега се уште се вози со него, а тоа значи дека нема никаква штета направено иако за тоа се носат казни високи, рече пратеничката Ангелеска.

Најнови вести