Во ек на грејна сезона, столбот на електроенергетскиот систем во Македонија РЕК Битола веќе подолго време работи на апсолутен минимум. Од трите блока, само третиот блок работи со минимална снага од 125 МW, пишува на својот Фејсбук профил пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска.
Причина – немање на јаглен. Депонијата е празна, оштетени багери, искинати тракасти транспортери, поплавени уреди и багери, дробилица за јаглен која не е ремонтирана од доаѓањето на ова раководство. Се превдаат со природна непогода, а што очекуваа, дека во зима ќе пука сонце?
Од раководството на РЕК Битола и Електрани на Македонија апсолутен молк дали и како може да се надмине оваа состојба?
Кога го носевме буџетот во Собрание, предложивме неколку амандмани за РЕК Битола, но мнозинството НЕ ПРИФАТИ НИТУ ЕДЕН.
Кога дојдоа на власт ветуваа многу: реконструкција на електростатските филтри, десулфуризација, набавка на сопствена механицација, отварање на нови рудни наоѓалишта… Реализација – НУЛА.
Дали е ова само неспособност на раководството на оваа актуелна власт или е смислено сценарио за целосно затварање на РЕК Битола?, прашува Ангелевска.