Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии. Таа оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.
Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.