Нина Ангеловска денес се сврте против транспортните компании кои во овој период изразија незадоволство од зголемување на акцизата на горивата.
Ангеловска при своето гостување на „Отворено студио“ посочи дека транспортните комапнии сакаат да ќарат во услови на пандемија и да полнат резервоари за без пари.
„Овде гласни беа транспортните компании. Транспортните компании би сакале по оваа цена да можат да ги полнат резервоарите кога одат да вршат транспортна дејност во другите земји. Тие компании кога одат преку граница по различни цени ги полнат резервоарите додека пренесуваат. И затоа зборуваме дека ефектот при 20 денари намалена цена на нафтата и зголемена акциза времено и условено како антикризна мерка со одредена формула, и многу важно врзано за цената на нафтата. Ако цената на нафтата се промени акцизата се намалува“, итакна Ангеловска.