петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ангеловски: Доколку официјална Софија сака да има пријателство тогаш треба безусловно да даде поддршка на европскиот пат на Република Македонија.

Ангеловски: Доколку официјална Софија сака да има пријателство тогаш треба безусловно да даде поддршка на европскиот пат на Република Македонија.

„Политиката на официјална Софија е погрешна, таа е политика која води кон создавање на непријателство меѓу двете држави. Зошто кога Бугарија влегуваше во ЕУ не кажа дека е држава која има нерешени проблеми со соседите и не може да стане земја членка на ЕУ. Ова е чин на притисок и уцена и чин кој не доликува на цивилизациско однесување во 21 век“, рече Страшо Ангеловски во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Ангеловски додаде дека доколку Софија сака пријателство помеѓу двата народи тогаш безусловно треба да даде поддршка за ЕУ на Македонија.

„Доколку официјална Софија сакаше навистина да има пријателство помеѓу двата народи и тука на Балканот да имаме добрососедство тогаш таа едноставно ќе речеше без никакви притисоци дека безусловно дава поддршка на Европскиот пат на Република Македонија“, вели Ангеловски.

Тој посочи дека Македонија со својот АСНОМ и со своите АСНОМ-ски одлуки и со својата антифашистичка и антинацистичка борба се запишала на страната на победниците. За жал она што ни се случува денес е обид, оние кои биле на страна на поразените односно Албанија од една страна со фашистичка Италија и Бугарија со нацистичка Германија.

„Тие како поразени денес се обидуваат да ја пишуваат историјата на победникот, тоа е прв пат во историјата да се случува таков преседан. Тоа сето се овозможува заради неспособната македонска Влада која го брише АСНОМ како темел на своето постоењето на постоењето на македонската држава“, дециден е Ангеловски.

Најнови вести