Македонија навистина ова однесување на пратеникот од ДУИ не го заслужува. Сето ова не е резултат само на примитивизмот на ДУИ ниту пак резултат на нервозата на ДУИ за она што следува. Следувааат парламентарни избори на кои ДУИ и СДСМ ќе ја изгубат власта, изјави претседателот на МААК Страшо Ангеловски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа Телефизија.
Ангеловски вели дека жално е однесувањето на човек кој бил министер за образование.
„Примитивизмот на луѓето кои директно од воени униформи облекоа костуми од 500-тини евра тој примитивизам излегува и од внатре од скапите костуми. Бидејќи примитивизмот излегува и од скапите костуми“, рече Ангеловски.
Тој потенцираше дека двојно пострашно е тоа лицемерие и тие двојни стандарди на СДСМ. Наместо да застанат најпрвин во заштита на културата, правото и колегите тие застануваат на страната на насилието и го оправдуваат само затоа што не биле поставени убави точки или прашања.
„Пострашно е однесувањето на нивниот коалициски партнер на СДСМ кои го оправдува сето ова. Тие оправдуваат можност да тепаат некого ако ви поставува непријатни прашања и тие би оправдале доколку некој биде физички ликвидиран само заради тоа што поставил прашање или тема која за нив не одговара“, посочи Ангеловски.