среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА: Дури 56,2% од граѓаните сметаат дека за спроведување на попис потребен е политички консензус

АНКЕТА: Дури 56,2% од граѓаните сметаат дека за спроведување на попис потребен е политички консензус

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот.

Од анкетираните граѓани дури 56,2 проценти одговориле дека за спроведување на пописот е потребен политички консензус, додека 35,4 проценти од анкетираните одговориле дека нема потреба од политички консензус.

Одбиле да дадат одговор 6,7 проценти, додека не знаат само 1,7 проценти од испитаниците.

  1. Дали сметате дека потребен е политички консензус за оддржување на попис?

Најнови вести