четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета на МРТ: Во ек на пандемија кај 32.9% од граѓаните им се намалиле приходите

Анкета на МРТ: Во ек на пандемија кај 32.9% од граѓаните им се намалиле приходите

Во вчерашната емисија на телевизија МРТ се презентираше анкета која е направена на македонските граѓани во врска со економската криза предизвикана од Ковид-19.

Последниот податок од Агенцијата за вработување вели дека секој четврти кој изгубил работа за време на пандемијата во земјава е помлад од 29 години. Сепак истражувањето на институтот за политички истражувања кое што го спроведе за „Објектив“, на прашањето дали вие или некој ваш близок останал без работа за време на кризата 59.60% велат дека се уште се на своето работно место. 29.90% за жал се нашле на списокот на невработени, а 10.50% одбиле да одговорат на ова прашање.

Во однос на приходите кај 52.8% тие останале исти. Кај 32.9% приходите се намалиле. Но кај 2.8% приходите се зголемени. 11.5% не одговориле на прашањето.

Сепак она што е интересно граѓаните не се оптимисти дека економската криза до крајот на годината ќе се намали, дури 28.42% сметаат ќе се продлабочи, а 18.21% дека ќе остане иста. 34.03% сметаат дека таа ќе се намали, а 19.31% одбиле да одговорат.

Најнови вести