Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска отворила предмет за тоа дали министерката за финансии Нина Ангеловска знаела за пропаѓањето на Еуростандард банка, па ги повлекла сопствените средства, дознава Канал 5.
-Значи по сите случувања на кои што бевме сведоци минатата недела, ДКСК отвори предмет за да го истрaжи случајот… изјави претседателката на Антикорупциска, Биљана Ивановска за Канал 5.