Ја потсетуваме јавноста дека во овие 4 години СДСМ не изгради ниту еден државен производен капацитет, а за сметка на тоа се изнаслушавме само фалби и лаги, рече на прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ да не ја замајува јавноста дека кога дошле на власт не начекале готови проекти во енергетиката. Тоа е чиста лага, бидејќи за пусти пари од тендери, сé што беше започнато во времето на ВМРО го запреа и почнаа да ги прават своите добро познати шеми како од периодот на нивното претходно владеење од 2002-2006 година, кога го продадоа делот од ЕСМ, познат како ЕСМ дистрибуција.Со сегашното зголемување на цената на струјата од 12,5% се покажа односот на власта кон енергетиката. Со ланското зголемување од 7,4%, тоа е скоро 20% зголемување
на цената на електричната енергија за период од една година. Тоа што се обидуваат да купат социјален мир со намалување на ДДВ за струјата е само предизборен трик, кој ќе биде надоместен со еколошката такса за бензините и тоа за жал повторно од граѓаните на Република Македонија. СДСМ да не го лаже народот со некаква енергетска транзиција, бидејќи тоа е скапа инвестиција за некој како СДСМ, кој е научен само да граба без да инвестира. Всушност, позади гаснењето на РЕК Битола не се крие желбата за таа енергетска транзиција, туку неможноста да се управува ваков гигант и неговото уништување со тендери во „четири очи“, со продажбата на електричната енергија на ЕВН ХОМЕ по цена пониска од производната, со непланското празнење на акумулациите, со поплавата на најголемиот багер КУ 300 лани во август и со прекумерното вработување на партиските војници. Оттука, ова привидно и нереално ниво на цените кои ги нуди ЕЛЕМ, можеби нема да издржи ни до локалните избори, а ќе не осиромаши за навек. Да потсетиме дека поради ланското поскапување на струјата од над 7%, годинава клучните и најголемите државни енергетски компании станаа загубари. И МЕПСО и ЕЛЕМ заедно бележат загуба од 22 милиони евра, што е показател за недомаќинско работење и немањето никаков план во енергетиката. Ова само буди нови стравови дека кај ваквите енергетски компании поради лошата кондиција истата оваа власт може да ги раскрчми како нов бонбона бизнис, истакна Антовски.
Земја без енергетски капацитети и сопствено производство на струја нема економски раст и нема сопствена иднина, додаде тој.