вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апасиев го повика Костадинов на ТВ-дуел: Да видиме кој колку заработил!

Апасиев го повика Костадинов на ТВ-дуел: Да видиме кој колку заработил!

Професорот на Правниот факултет на Универзитетот во Штип и лидер на ,,Левица” , Димитар Апасиев бара ТВ дуел со пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

Апасиев преку Фејсбук го повика Костадинов на дуел и вели:

„Денес, црвено-буржујското к****берче – Коста од СДС на „Нашата Земја“ (кој своевремено си ја вработи мајката во Централен регистар и кој како пратеник, само од патни трошоци, кешира поише од мојата годишна заработувачка!), открил „топла вода“ спакувана во обландата на комуњарско-партиската кујна, стара дури три-четири години, која своевремено ја пласираше к****нската ТВ Сител на чело со Началникот Латас (види линк) – а тоа е дека „професорот Апасиев, пази богати, наплатувал за своите дадени интелектуални правни услуги“!? ?

Ај пренесете му на к****о дека ја у живот иам едно принципиелно мото од кое не отстапуем: СТРУКА РАБОТАМ ЗА ПАРИ (оти од тоа живеам), А АКТИВИЗАМ ЗА БЕСПАРИ!“

Дополнително додава :

„Затоа, немој да ми морализираш преку фејсбук за нешто што чесно сум го изработил, туку одбери си телевизија по твоја желба, од вашите провладини, и излези на ТВ ДУЕЛ лично со мене – очи у очи! Да ме видиш у сурат, а не да ми к**аш од дома по фб.

p.s. Носи си ја со тебе и Годишната даночна пријава од УЈП за последниве три години откога си на власт. Ќе ја носам и ја мојата – па јавно ќе ги покажеме приходите пред камерите ?“

Те чекам!

Update: Ми пиша другар у инбокс за мотивите, т.е. од кај иде нервозата на СДСМ и хорскиве обиди за дискредитација… Оти ЛЕВИЦА дрмала на последните интерни анкети! <3

#ЖолтаДуњаЗеленБорБрзоЧекамОдговор

Најнови вести