среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апасиев: Крај на заевизмот, ДУИ конечно во опозиција

Апасиев: Крај на заевизмот, ДУИ конечно во опозиција

По вчерашната координативна средба на политичките партии – Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса, Димитар Апасиев од Левица на својот фејсбук-профил напиша дека е договорен падот на Владата на СДСМ-ДУИ.

„Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!  Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.

Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.

Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.

За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство“, напиша Апасиев.

Најнови вести