Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“ Јордан Камчев и го потврди првостепеното решение со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција.
-Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди, соопшти Апелација.
Од Апелација информираат дека вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движење на предметите во судовите.
Одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, на 23 јануари годинава во Апелацискиот суд во Скопје, рече дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.