сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација ќе му суди на Груевски без адвокати, одбраната бара изземање на судиите

Апелација ќе му суди на Груевски без адвокати, одбраната бара изземање на судиите

Судечкиот совет во Апелацискиот суд не го прифати барањето на адвокатите на обвинетите за одложување на седницата на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Според Судечкиот совет барањето на одбраната не претставува основ за одлагање на јавната седница, појасни судиката Цветанка Периќ.

Адвокатот Штерјо Зиков забележа дека тие мораат да одат на други судења кои се приоритет бидејќи станува збор за притворски предмети. Тој посочи дека сериозно ќе му бидат загрозени правата на Груевски ако седницата се одржи без присуство на неговите четворица адвокати.

Груевски рече дека неговите адвокати мора да одат на другите рочишта кои се водат против него бидејќи во спротивно се соочуваат со високи парични казни. Побара одложување на седницата и закажување на нов термин.

Адвокатот Зиков поднесе и барање за изземање на Судечкиот совет по што судијката Периќ ја прекина седницата за да го достави барањето до претседателот на Апелација.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

(Миа)

Најнови вести