Апелација му ја намали казната на екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески за една година за предметот „Транспортер“.
Поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски, исто така доби намалување на казната, па од шест години сега треба да одлежи 5 години и шест месеци.
На обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 – пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело“, велат од Апелација.