четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација му ја зголеми казната на гинекологот Дамчевски кој лажеше пациентка дека е бремена

Апелација му ја зголеми казната на гинекологот Дамчевски кој лажеше пациентка дека е бремена

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 и донесе построга казна од претходната која беше 1,5 година затвор – 2 години затвор за гинекологот Николче Дамчевски, кој 9 месеци лажеше пациентка дека е бремена. Апелација ја потврди и забраната за вршење дејност во траење од 8 години.

Пресудата е извршна, што значи дека Дамчевски во секој момент може да замине на издржување на казната затвор.

Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред пред судот ја призна вината и за двете дела, несовесно лекување и фалсификување на медицински документи.

Најнови вести