понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација потврди- Јанева останува во Шутка поради можност за бегство

Апелација потврди- Јанева останува во Шутка поради можност за бегство

Апелацискиот суд денеска и официјално донесе одлука дека Катица Јанева останува во Шутка. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена. Но апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредено поблага мерка. Нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспитра одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.

Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

Најнови вести