недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелацијата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор

Апелацијата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор
МИА

Сашо Мијалков и дефинитивно заминува дома. Како што потврдија од судот, на него му била прифатена гаранција од 11 милиони евра дека ќе биде достапен за судскиот процес кој се води против него. Покрај гаранцијата, Мијалков е должен еднаш неделно да се јавува во Судот а издадена е забрана да му биде издаден пасош.

Мијалков во случајот „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а за што Обвинителството предложи да му биде изречен притвор. Во случајот „Таргет – тврдина“, пак, Мијалков со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против него се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство, токму по предлог на Обвинителството.

Најнови вести