вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Архиепископот Стефан служеше литургија во црква на Вселенската патријаршија во Истанбул

Архиепископот Стефан служеше литургија во црква на Вселенската патријаршија во Истанбул

Уште еден важен датум во историскиот календар на македонската црква. Одржана е првата литургија во црква на Вселенската патријаршија на македонски јазик.

Во храмот “Света Троица” на познатиот Таксим, со неа чиноначалствуваше архиепископот г.г Стефан, настан со кој македонската црковна делегација ја заврши петдневната посета на Константинопол.

Се наоѓате во центарот на најсветата Константинополска Архиепископија, каде што црковниот акт за вашето востановување во единство сигурно ќе наиде на домаќинство и на широк дух, беше порачано во поздравната беседа.

На гостопримството, архиепископот Стефан возврати со покана за заедничка служба во Охрид. Се осврна на заедничка литургија со Вселенскиот патријарх, со што беше ставен крај на 55-годишната шизма.

Од олтарот на храмот богослужбата ја следеше и вселенскиот патријарх Вартоломеј. За време на здравицата кон архиепископот Стефан истакна:

Денешната празнична литургија следуваше по историското сослужување во црквата Свети Георгиј во Фанар, што во пракса го запечати враќањето во канонско заедништво на македонската, со останатите православни цркви.

Најнови вести