недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арна Шијак: Договорот со Грција е геноцид врз македонскиот народ, јазик и култура

Арна Шијак: Договорот со Грција е геноцид врз македонскиот народ, јазик и култура

Веќе подолго време сметам дека нашата држава е заложник на многу погрешни политики, на многу погрешни ставови и како да кажам дури и они луѓе кои се аполитични веќе не можат да останат такви. Така што веќе подолго време мене нозете сами ме носат на улица да го изразам својот отпор кон сето ова безумие кое не сардоса, вели македонската актерка Арна Шијак која беше повредена од страна на полицијата на протестите против промена на уставното име на Република Македонија во денешното гостување во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Алфа.

Таа вели дека протестите против промена на уставното име кои се одржуваа пред Собранието биле мирни и достоинствени, односно како што смета таа таму одат луѓе полни со ентузиазам за зачувување на татковината.

-Одејќи на протест да дадете поддршка, на крај станувате жртва на некој кој што решил дека вие немате право на протест. Значи ви го ускратува правото што е ваше иманентно да си да го искажете  својот став, додава Шијак.

Актерката го раскажа целиот настан, нагласувајќи дека тоа се ужасни сцени кои не требале да се случат бидејќи народот кој што бил присутен на тој протест бил мирен и единствена цел им било да им порачаат на политичарите дека не сакаат промена на името на Македонија. Како што рече таа излегла на протест за мирно да искаже дека не се согласува со недомаќинските и  навредителните политики на оваа сегашна власт која како што дојде така и се однесува, насилно и нечесно.

За преспанскиот договор кој го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев, Арна Шијак изјави дека тоа врвна капитулација и геноцид врз македонскиот народ, јазик и култура.

-Преспанскиот договор – тоа е врвна капитулација, орвеловско ништење на нашата сувереност. Практично геноцид и де јуре и де факто на нашите идентитет,  народ, нација, јазик и култура, бидејќи што е тоа Северно Македонци? Нешто што ќе постои од задутре, за да трае до прекутре? Бидејќи јас поинаку не го разбирам поинаку освен како една безидентитетска, безлична територија, кажа актерката Шијак.

Најнови вести