Јас им препорачувам на злосторниците, посебно тие за случајот Монструм да не се радуваат прерано. Јас тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ како силна опозициска партија ќе направи се и ќе ги искористи сите механизми во согласност со законот и уставот ќе го спечи носењето на најавениот Закон за амнестија која претсавува очајничка работа на луѓето кои што ја водат владата, вели Ламбе Арнаудов во гостување на телевизија Алфа зборувајќи за законот за Амнестија.
„ВМРО-ДПМНЕ е доволно снажна, обединета и единствена со квалитетен капацитет во својот состав и во пратеничката група и во сите структури на партијата и максимално ќе се заложи да го спречи овој немил настан кој што постојано му надвиснува на граѓаните на Македонија. Јас тврдам дека можеби подобро е без никаква правда отколку со селективна правда“, рече Арнаудов кој додада дека најавениот Закон за амнестија се носи со брзина на светлината без консултации со пошироката македонска и стучна јавност иако има и сериозни социолошки општествени импликации.
Арнаудов зборуваше и за последните случувања во партијата меѓу поранешниот и актуелен претседател, Христијан Мицкоски при што истакна дека тоа не беше преписка меѓу Мицкоски и Гриевски, туку тоа беше одбрана и заштита прво на ВМРО-ДПМНЕ, која што според него е во вечна симбиоза и многу генерации се израснати со Република Македонија, и да се спречи да се разнебити Македонија и партијата која што е како бедем која ја чува и ја обезбедува и ќе ја сочува Македонија.
„Претседателот Христијан Мицкоски како персонификација на партијата, направи еден потег што никој до сега не го направил. Прв сам влезе во битка да ги разоткрие другите. Поранешни лидери прво ќе ги пуштеа вторите или третите ешалони тие прво да ја испитаа состојбата. Јас тврдам дека нема да се дојде до ситуација на ситнење на членството, затоа што и членството е свесно и зане дека партијата е исправена пред предизвикот на одбрана на Македонија и членството има целосна доверба во претседателот Мицкоски“, истакна Арнаудов кој додаде дека сите партиски структури и членството се целосно обединето и цврсто стојат позади претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим во нивната борба за одбрана на Македонија.