сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арнаудов: Откако дојде Заев, цената на Македонија вртоглаво падна на берзата на држави и тоа по секој основ- немаме углед ни кај соседи, ни во ЕУ, ниту во ОН

Арнаудов: Откако дојде Заев, цената на Македонија вртоглаво падна на берзата на држави и тоа по секој основ- немаме углед ни кај соседи, ни во ЕУ, ниту во ОН

Крајот на Заев е веќе видлив и многу скоро ќе се случи тоа. Основа на невољите е Преспанскиот договор, Заев тогаш почна да ја гори државата и сега ова што се случува со Бугарија, со АСНОМ е резултат на тоа. Ако почекаме уште малку ќе нема што да одбраниме, рече Ламбе Арнаудов, поранешен пратеник на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

Според него владата треба да биде центар на одбрана на се што е македонско.

-Токму тоа треба да биде местото каде се брани македоснското. За нас е важно да има македонски јазик, историја, идентитет. Откако дојде Заев цената на Македонија вртоглаво падна на берзата на држави и тоа по секој основ, немаме никаов углед ни кај соседи, ни во ЕУ, ниту во ОН. Зав за неколку дена со својата банда за Македонија напри нешто многу понижувачки

Говорејќи за забраната за употреба на термините македонски, Македонија Арнаудов вели:

-Тоа не само што е фашизоидно, тоа е автофашизоидно. Тој термин е во меѓународните односи.

Најнови вести