недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовска хистерична на говорницата во град Скопје – откако беше прекината, демонстративно ја напушти салата

Арсовска хистерична на говорницата во град Скопје – откако беше прекината, демонстративно ја напушти салата

Градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска денеска видно бесна застана на говорницата пред советниците во градот, а потоа хистерично се пресметуваше со советниците од опозицијата, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено таа и покрај тоа што неколку пати беше исклучувана од претседателот на Советот на градот Скопје, Трајко Славевски, не го почитуваше тоа и нервозно зборуваше без да може збор да и се додаде.

Арсовска наместо да одговори на советничкото прашање поставено од советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, таа хистерично ја менуваше темата и даваше политички коментар.

Трајковски даде и 15 минутна пауза, по што Арсовска избега од седницата.

-Жалам што си замина и што јавноста имаше прилика да види една голема омраза, неконтролирано однесување кое скопјани не го заслужуваат. Не можам да бидам задоволен од одговорите бидејќи не добив одговор на ниту едно прашање, рече Галески по паузата.

Потоа следуваше уште една пауза за да се види дали градоначалничката ќе се врати. Во моментов, советничките прашања се во тек, но седницата тече со отсуство на Арсовска.

Најнови вести