недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовска: Владата нема план и кризен менаџмент, ако во септември има нов бран ќе го дочекаме неподготвени

Арсовска: Владата нема план и кризен менаџмент, ако во септември има нов бран ќе го дочекаме неподготвени

Секогаш кога имаме изборна години не можеме да бидеме оптимисти затоа што знаеме дека претпријатијата, компаниите не сакаат да ризикуваат особено кога се наоѓаат во состојба на несигурност и нестабилност а тоа се случува пред секој изборен циклус, вели Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на Стопански комори, одговарајќи на прашањето дали смета дека има амбиент за приватни амбиции во емисијата Анализа на ТВ 24.

Арсовска посочи дека доколу во септмеври повторни има враќање на падемиската ситуација, Македонија ќе ја дочека неподготвено бидејќи како што рече уште од самиот почеток немало кризен менаџмент.

Вториот момент е на кое што го спомнавме пред малку е кога имаме ваква состојба на криза обично оние кои што ризикуваат може многу да добијат, но може и многу да изгубат, а кај нас во Македонија верувајте со 99,8 проценти микро, мали, и средни претпријатијата навистина немаат средства за да може да ги ризикуваат за да може да ги изгубат. Сите сакаат да работат базирано на сигурни сопствени бизнис предвидувања и истите да ги реализираат.

Трето е што ние навистина како држава од почетокот на кризата се соочивме со немање на кризен менаџмент, за секоја сериозна држава од првиот момент кога би му се случило вакво нешто би предвидел кризен менаџмент за следната, но кај нас тоа се уште не се случува. Така што кај нас и да се случи повторно нешто во септември, враќање на оваа пандемиска ситуација како што ја имавме ние повторно ќе ја дочекаме неподготвено, истакна таа.

Најнови вести