Министерката за финансии Нина Ангеловска во своја изјава вели дека кога го купила станот за да си го реши станбеното прашање бил уредно пријавен во ДКСК, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски..
Мало потсетување: Според моите информации, Нина Ангеловска станот во ДКСК, заедно со последните 50.000€ депозит извадени од “Еуростандард Банка” ги пријавува на 24 јуни 2020 година. -> (Јавно достапни информации според закон за достапност на информации од јавен карактер)
* ако не е точно дека на 24 јуни пријавува промена на анкетен лист, нека ме демантира.
Јас, документите за станот кој го поседува Ангеловска, а го криеше, ги објавив на 22 јуни.
Дали Нина Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од “Еуростандард Банка” 2 дена откако ги објавив информациите?
Дали ДКСК отвори случај за ова? -НЕ
Дали Нина Ангеловска сноси одговорност за ова? -НЕ
Дали макар ја казнија и со прекршочна пријава за задоцнет анкетен лист после промена? -НЕ
Дали ќе сноси одговорност? – НОРМАЛНО ДЕКА НЕ
Антикорупциска комисија ако не отвори случај сега и не го реши сето ова, се класични соучесници и помагатели на Нина Ангеловска, пишува во својата Фејсбук објава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.