Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емсијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа говорејќи за криминалниот скандал за изнуда на 250.000 евра од фирма која добила тендер во РЕК Битола, праша дали се точни информациите кои кружат во јавноста дека сопственикот на СВ ИНВЕСТ Столе Чифлигаровски е избеган во Америка, посочувајќи дека Јавното обвинителство мора да отвори случај и доколку имало криминално дејание тоа да се санкционира.
Еден од лицата неофицијално заминал за Америка. Таа информација стигна до мене и сакам јавно да прашам, дали е во Република Македонија Столе Чифлигаровски сопственикот на СВ ИНВЕСТ, прашува Арсовски.
Мене ми е важно да е присутен тука во Република Македонија, да се отвори случај и се она што се случувало како криминално дејание да биде санкционирано и тоа е работа на Јавното обвинителство, рече Арсовски.
Арсовски додаде дека е отворена стечајна постапка за СВ ИНВЕСТ, укажувајќи дека добил информација дека на вработените повеќе од два месеца не им било исплатено плата.
Денеска добив информација од еден вработен кој што бил во таа фамозна фирма СВ ИНВЕСТ, стечајната постапка како што реков е отворена за 16, 5 милиони денари, нешто повеќе од 250.000 евра. Но, она кое што е многу интигрантно е што на вработените во фирмата повеќе од два месеца не им е исплатена плата. Тоа е навистина жалосно, изјави Арсовски.