Денеска ќе поставиме неколку прашања во јавноста во врска со недвижниот имот, имотот кој што го поседува министерката за финансии предложена од СДСМ, Нина Ангеловска. Имено, според нашите информации кои ги добивме вклучително и документи, министерката за финансии Нина Ангеловска крие од јавноста информации поврзани со својот недвижен имот кој што го поседува, истакна Димче арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Според информациите и документите кои што ги добивме, министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, изминатиов период купила стан од околу 100 м2 од градежна фирма со локација во Градски парк, во вредност од над 100.000 евра. Доколку отворите на сајтот на антикорупциска комисија во информациите за имотот на функционерите односно конкретно за имотот на министерката Нина Ангеловска ќе видите дека таа нема пријавено и не поседува никаков стан. Оттука би сакале да поставиме неколку прашања. Дали Нина Ангеловска поседува стан во непосредна близина на Градски парк од околу 100 м2 во вредност од над 100.000 евра? Зошто Нина Ангеловска крие дека купила стан од над 100.000 евра на атрактивна локација во близина на Градски парк? Која е причината поради која што крие дека се стекнала со ваков недвижен имот? Дали Нина Ангеловска сака да го изигра законот и да го сокрие станот со кој се стекнала изминатиов период, прашува тој.
Арсовски го поставува прашањето: „Која е причината поради која што го крие станот од над 100.000 евра Нина Ангеловска“?
-Нина Ангеловска е должна и има законска обврска да и објасни на јавноста зошто го крие станот и вклучително на кој начин е стекнат овој стан. Криењето на недвижен имот од страна на министер во вредност од над 100.000 евра е крајно сомнителна постапка, дополнително треба јавно да открие министерката Нина Ангеловска на кој начин се стекнати парите со кои што е купен овој стан. Од тука апелираме Антикорупциската Комисија да се разбуди од зимскиот сон и конечно да почне да работи во служба на граѓаните. Да поведе постапка да го истражи овој случај каде што министерката Нина Ангеловска предложена од СДСМ крие дека се стекнала со стан од околу 100 м2. Јавноста мора да биде запознаена со сите овие сомнителни постапки на министрите, а очекуваме одговори и брза реакција од страна на Антикорупциската Комисија, порачува тој.