– Ние на 31 октомври бевме кај министерот, го запознавме со нашите барања. Од тогаш до сега, 60 дена немаме повратна информација никаква. И затоа протести беа за да го потсетиме на нашите барања. А, нашите барања се следниве – откуп на оризот од 25 денари за оризова арпа до 30 денари. И пет денари субвенции. За белиот ориз 55 денари и 60 денари“,нагласи Здравко Арсовски, оризопроизводител во јавување во емисијата „Топ Тема“.
Арсовски додаде дека ова го вели бидејќи од почеток на август до септември цената беше 29 денари на оризова арпа, а белиот ориз 60. Откупувачите буквално се играат зивците на оризопроизводителите.
– Доколку не постигнеме заедничко решение со министерот блокадите ќе започнат од сабота. Мора некое решение да се најде, верувајте ние друг излез немаме, истакна Арсовски.
Арсовски посочи дека лани субвенциите од 01.10 до 15.12 беа исплатени. Сега субвенции не се исплатени по 1.800 денари по единица декар.