среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски до Кузеска: Говорите за судство каде што Заев беше фатен во мито, а не лежеше затвор

Арсовски до Кузеска: Говорите за судство каде што Заев беше фатен во мито, а не лежеше затвор

-ВМРО-ДПМНЕ веќе три години не е на власт, а единствено власта што беше во ваши раце е вие да требаше онаму каде што имаше криминал преку судството кое што се испостави и се виде дека го поседува Зоран Заев преку своите канџи требаше да го откриете, посочи портпаролот Димче Арсовски на Богданка Кузеска при гостување во дебатната емисија „Само Вистина“.

Арсовски додаде дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е блокиран од онаа институција која што соработуваше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Имотот беше блокиран од страна на СЈО. А, за СЈО цела јавност знае како заврши. СЈО беа фатени во рекет од неколку милиони евра кој што го земале од бизнисмени. И целата јавност знае каде завршија тие пари. А, тие завршија кај семејството Заеви и СДСМ.

-А, за сето тоа треба доказ да изнесе Рускоска обвинителството, бидејќи таа го презема целиот предмет да го води, за кој што гледаме дека еве буквално не е до ниедна точка, односно не е завршен предметот како што треба. Се отвораат предмети колку да се замачкаат очите на јавноста, а веќе зборите за судство. За кое судство?, ја запраша Арсовски портпаролката на СДСМ, Кузеска.

Арсовски истакна дека има едно сега судство каде што пред неколку дена не се осуди еден човек кој што свртел на две полни ленти. Судство каде што пред извесен период, пред неколку месеци беше убиено дете во Ново Лисиче со нож, а убиецот беше осуден само на три години. Судство каде што Зоран Заев беше фатен во мито, а не лежи затвор.

-За судство каде што се испумпаа пари за фондот за иновации и еве тој случај исчезна едноставно. Никаде го нема. Се отвори случај на истрага, до каде е? До никаде е за жал. Судството единствено служи за дефокусирање на јавноста за да се зема мито од бизнисмените, рече Арсовски.

Најнови вести