четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Градоначалници на СДСМ од 3 општини дале 1,8 милиони евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат

Арсовски: Градоначалници на СДСМ од 3 општини дале 1,8 милиони евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат

Молкот на СДСМ во врска со нивниот генерален секретар Зечевиќ и неговото адвокатско друштво е доволна потврда дека немаат аргументи со кои би се одбраниле. Над 1.8 милиони денари адвокатското друштво на генералниот секретар на СДСМ има инкасирано од само 3 општини со коишто раководеле кадрите на СДСМ. Граѓаните на Градот Скопје, скопјани, Пробиштип и Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ, по основ на паушали за адвокатура, изјави на денешна прес конференција порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој посочи дека молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат.

– Зечевиќ по примерот на Калеска Ванчева, најисплатливо им било да бидат закачени на општински и јавните претпријатија преку паушали. Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата. Власта на СДСМ и луѓето во СДСМ единствено им е важна само за личен бенефит да се наместат на позициите. Не ни очекуваме да излезат во јавност и да дадат еден, ама само еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или пак зошто во претходните 5 институции коишто говоревме идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска Ванчева, појасни Арсовски.

Портпаролот додаде дека тие веќе не ни имаат срам пред јавноста, после се она што виде јавноста изминативе години на кој начин се трошат буџетски, државните и народните пари.

Најнови вести