понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Кирацовски ме тужи за клевета во врска со случајот „Рекет“, а во исто време го лаже судот

Арсовски: Кирацовски ме тужи за клевета во врска со случајот „Рекет“, а во исто време го лаже судот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски сподели пост на Фејсбук во кој пишува дека Кирацовски го тужи за клевета во врска со случајот „Рекет“.

-Денеска на подготвителното рочиште каде што Кики, другарчето на Фрики и Боки (читај Кирацовски) ме тужи за клевета во врска со случајот “Рекет”, избега од соочување со изговор дека бил на пат, а замислете во исто време имаше прес конференција во Собранието и го излажа Судот ?
Штом лаже за да избега од рочиште, јасно е кој е во право, кој не… ?
Туку настрана тоа, колку и да бега дали сега или понатаму правдата ќе го стигне Кирацовски за се што направил во врска со „Рекет”.
Лажеше дека не го познавал Боки 13, испадна дека бил кај него дома неколку пати – што правеле и договарале сами си знаат, но најважно е да излезе целата вистина за “Рекет” на виделина.
Кирац, те чекам на 24 март, тогаш нема да имаш обврски и нема да можеш да бегаш ?, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести