понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Самопрогласениот министер за финансии Заев за кредит од 15 милиони ќе врати 33,8 милиони евра

Арсовски: Самопрогласениот министер за финансии Заев за кредит од 15 милиони ќе врати 33,8 милиони евра

Во вторник самопрогласениот министер за финансии Зоран Заев ќе го направи своето прво задолжување. Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра. Но тоа што е скандалозно за ова задолжување е фактот што овој долг доспева за враќање после 30 години, цели три декади. Кога добро ќе се пресмета после триесет години ќе вратиме 15 милиони евра кредит плус 18,8 милиони евра камата, односно вкупно 33,8 милиони евра ќе не чини оваа катастрофална одлука на Зоран Заев, односно прва одлука за задолжување како самопрогласен министер за финансии, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски:

„Патем останува нејасно зошто се прави ова задолжување во услови кога Владата предводена од Зоран Заев не работи ништо, реализацијата на капиталните инвестиции е само 13,74% до моментот, нема ништо од ветените 600 километри автопат, нема нови болници, нема нови училишта, нема нови амбуланти, нема ништо ново реализирано како капитални инвестиции од ова влада на Заев. Ова е уште еден доказ дека Македонија со Заев не блеска, туку тоне се подлабоко и подлабоко со секој изминат ден. Со изгубениот Заев, Македонија станува загубена држава. Со ваквите задолжувања Заев ќе ја покрива својата неспособност во делот на економијата. “

Арсовски потенцира дека УЈП има собрано 50 милиони евра помалку од проектираното заради лошата кондиција на економијата и лошата кондиција на стопанството.

-Бројот на вработени во индустријата е намален за 2,5% во споредба со ланската година. Владата доби огромна НУЛА од германските стопанственици. Стејт Депарментот посочува дека корупцијата во владините тендери ја уништува економијата и ги одбива странските инвеститори да дојдат и да инвестираат во Република Македонија како што тоа беше случај изминатите години. Транспаренси интернешнл ја сврсти државата полошо од афричките Свазиленд и Руанда по корумпираност. Ова е огромен показател дека Македонија е најкорумпирана земја со Зоран Заев, впрочем тоа го гледаме секој ден по медиумите, посочи Арсовски и подвлече:

„Сето ова покажува дека Заев не се задолжува за подобро на граѓаните и за генерирање на развој, туку економската политика му е купи ден помини. Се обидува да се задржи ден повеќе на власт за да овозможи некој нов крвав тендер или друг облик на лично богатење на некој владин функционер или на самиот себеси. Изборите се шанса оваа непогода наречена Заев да падне на избори и да заврши на темната страна на македонската историја и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност.“

Најнови вести