четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: СДСМ можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

Арсовски: СДСМ можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

На новинарското прашање „Власта ја обвинува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ дека ги кочат законите и работата на Собранието вклучително највеќе донесувањето на петтиот сет  економски мерки?“, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вели дека:

-Не ја кочат работата на Собранието напротив пратениците на ВМРО-ДМНЕ се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните. Можам само да потенцирам дека доколку сакаше власта односно СДСМ односно Зоран Заев да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев. Бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат. Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и самите не им одговараа да биде изгласан петтиот сет на мерки затоа што немаат пари во Буџетот. Секое одолговлекување и одлагање на гласањето на овој закон за петтиот сет на мерки каде што треба да им се даде инекција на стопанството и да им се помогне, не им одговара да се изгласа овој закон  единствено на СДСМ и на власта како што реков затоа што немаат пари во Буџетот, потенцира тој.

Арсовски додава дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било против помош на стопанството, но во моментов единствено таков закон не им одговара да се донесе на СДСМ, повторно ќе потенцирам затоа што немаат пари во буџетот. Доколку сакаа истиот закон ќе можеа да го изгласаат дента кога ја гласаа таканаречената „ доверба на владата на Зоран Заев“.

Најнови вести