четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Се уште нема никаква правна разрешница за крупните скандали на Владата на СДСМ и Заев

Арсовски: Се уште нема никаква правна разрешница за крупните скандали на Владата на СДСМ и Заев

Димче Арсовски, Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа потсети на сите криминални афери и скандали од страна на владата на СДСМ кои што се уште немаат никаква правна разрешница ниту одговорност.

Беа отворени случаеви од страна на Јавното обвинителство за оние криминални иновации од Фондот за иновации, можеби еден од најголемите скандали на оваа влада. Поминаа веќе 9 месеци, доаѓа нареден конкурс каде што треба да се одбирање на фирми за поддршка од страна на Фондот а иновации а гледаме дека нема никаков исход од тие истраги. Започнаа истрага за министерот за здравство Венко Филипче и за тендерите, поминаа месеци а не гледаме нема никаков исход. Тргнаа со истраги за преслушувањата на јавните обвинители и судиите во Јавното обвинителство, помина повеќе од половина година а нема никаков исходот. Со ова очигледна е тенденцијата дека буквално секој еден случај, афера или скандал каде што мириса на сериозен криминал и прекршување на законот да биде третиран во корист на СДСМ, нагласи Арсовски.

Најнови вести