Може многу лесно со покачувањето на минималната плата која што 101 пратеник гласа и се договорија да се изгласа законот за покачување на 18.000 денари, многу едноставно некасогласно колективниот договор во образованието се земе во предвид бодувањето усогласено со минималната плата како што предложивме и ние согласно нашиот амандман кој за жал вашата пратеничка група го одби, сите наставници во образовниот процес ќе добијат значително зголемување на платите, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија
Жалосно е да браните штетни политики на поранешната министерка Мила Царовска која што го плати данокот на нејзиното несериозно работење, доколку вам ви беше толку грижа за образованието немаше да ги оставите на цедило луѓето кои што работат во образовниот процес и немаше образованието во државата да биде едно од најлошите во светот, смета тој.
Арсовски додаде дека СДСМ одбиле амандман на ВМРО-ДПМНЕ со кој доколку беше донесен наставниците ќе добија покачување на платите и од досегашните 23.000 колку што земаа, ќе земаа плата од над 40.000 денари
Не е точно дека вам ви е важно да се зголемат платите на наставниците, доколку ви беше важно ќе го прифативте нашиот амандман и платите ќе беа зголемени уште веднаш усогласувајќи ги со колективниот договор и таму ќе имаше наставници кои што ќе земаа по 40.000 денари плата, а не како што е сега по 23.000 или 24.000 денари плата, потенцираше тој.
Арсовски додаде дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту другите опозициски партии во собранието не е против вработувања на наставници, но нема да дозволи да биде алиби на партиски вработувања на СДСМ.
Во ниту еден случај ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, и не само ние туку и останатите опозициски партии во собранието нема да дозволат да бидат алиби на партиските вработувања во образованието кое што СДСМ сака да го направи. Трансформација на работен однос на тие 4.700 наставници и соработници се партиски луѓе кои што се вработени од штабовите на СДСМ, вели Арсовски.