вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Тоа што пишува во дијагнозата на Ковачевски дека е трајно неспособен за служење на воен рок, оттука повлекува да се испита каква е неговата деловна способност да раководи со премиерската функција

Арсовски: Тоа што пишува во дијагнозата на Ковачевски дека е трајно неспособен за служење на воен рок, оттука повлекува да се испита каква е неговата деловна способност да раководи со премиерската функција

Над 8.000 граѓани го изгласаа господинот Ковачки да влезе како пратеник во Собранието на Република Македонија бидејќи тој ги претставува нив. Таму е заради своите општествени заслуги, таму е бидејќи граѓаните ја ценат неговата стручност, таму е затоа што војниците на Република Македонија на кои што голем дел им бил надреден го почитуваат и може легитимно да се бори од собраниските клупи за нивните проблеми, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ Тема“.

Арсовски додаде дека во изминатиов период граѓаните гледаат како власта не ги решава проблемите на војниците и Армијата.

„Ако имате некој сериозен аргумент против господинот Ковачки СДСМ нека го истакне пред јавноста. Премногу е несериозно да СДСМ нафрла теми и оцрнува човек за кој што немаат доказ. Ако имаат доказ нека го произнесат во јавноста. Јас верувам во професионалноста на господинот Драган Ковачки. СДСМ треба малку повеќе да се позанимаваат и фокусираат на нивниот претседател на партија и претседател на Владата, бидејќи тоа што го направил е многу сериозна тема. Таа тема би требало СДСМ да си ја дебатира на внатрешните состаноци со органите на партијата. Бидејќи човек кој што ја оставил на цедило својата држава, својот народ и кој што се обиде да ја лаже јавноста зошто не служел воен рок, а потоа гледаме дека и дезертирал и дека некој доктор му препишал дијагноза трајно неспособен, тоа навистина е сериозен манипулант од човек кој што треба сериозно СДСМ да го преиспита во неговото делување“, појасни Арсовски.

Портпаролот посочи дека Ковачевски го има изиграно законот само за да не служи воен рок.

„Излезе во јавноста некаде мислам дека беше изјава во прилеп јануари месец 2022 година, каде што Ковачевски се обиде да излаже зошто не служел воен рок. И треба да се размисли во најмала рака од морални причини дали тој човек треба да ја води државата или не“, нагласи тој.

Арсовски рече дека Ковачевски не треба да си дозволи во никаков случај да ја манипулира јавноста и да избегнува закони.

„А, тоа што пишува во неговата дијагноза дека е трајно неспособен како човек за служење на воен рок, оттука повлекува да се испита дали и зошто е трајно неспособен, односно каква е неговата деловна способност да раководи со премиерската функција“, укажа Арсовски.

Најнови вести