петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Артан Груби откри кој стои зад палењето на Аудито

Артан Груби откри кој стои зад палењето на Аудито

Откако го запалија автомобилот за кој сметаа дека е моја сопственост, јас повеќе не се движам сам по улици, бидејќи таа насилна вербална агресија станува физичка агресија. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, а кои постојано се подложени на притисок, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, додавајќи дека постојат тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот со опожареното возило.

– Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го нарачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција, имаат добра координација, така што набргу ќе се реши. Има индиции дека станува збор за политички чин – изјави Груби за Канал 5.

Тој објаснува дека аудито од 2008 година го продал, па за приватни потреби ги користи возилата на своите браќа, како и возилото на својот татко.

– Апсолутно аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019 година. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина – вели Груби.

Тој посочува дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.

– Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целиот настан во 3 и пол наутро пред моите деца, не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото – изјави Груби.

Најнови вести