Што имаше поприродно од тоа јас да бидам министер за образование, со сите ингеренции кога пет години ја работев програмата на СДСМ за образование и имав тим. Дури и јавно го промовирав тимот, и кажав се што измени ќе има, комуницирав со сите, јас бе министер во сенка на образование. Се што требаше да се направи, јас направив. Од моментот кога требаше да ја реализираме програмата преку партијата, преку Владата, Заев правеше некои калкулации кои што не ми беа јасни, тоа беше првиот момент. Секако не ми беше дозволено на мене и на мојот тим да спроведеме тоа што го имавме како амбициозна десетгодишна образовна програма, а не како овие програмчиња и сега што ги нудат реформчиња, истакна Петар Атанасов во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Атанасов додаде дека од тој момент му беше јасно дека нема да има ренесанса, ниту преродба, односно дека нема да има ништо ново.
„Луѓе кои што не требаше да дојдат на одредени позиции, дојдоа на одредени позиции. Почнаа бахато да се однесуваат. На младите луѓе на кои им беше дадено шанса, немаа никакво искуство. Се решаваа големи крупни прашања во одредени точки односно центри на моќ. На пример ми остана сликата на Заев со Меркел по еден приватен разговор на тераса. Можам да замислам што таму било разговарано“, рече Атанасов.
Тој посочи дека за жал владата на СДСМ не донесе никакви промени во Македонија, за жал ништо не направи од тоа што го ветуваше.
„Јас во моментов кога влегов во Извршниот одбор, не само во Централниот одбор на СДСМ, однадвор бев повикан да им помогнам зашто јас не бев нивен член. Јас имав веќе во тоа време преговори со три американски универзитети, но јас тоа го стопирав и влегов во тимот на Зоран Заев за да помогнам за да се направи подобар живот и подобра држава. Замислете колкава била мојата приватна жртва. Значи во Вирџинија и во Пенсилванија имаше три универзитети кои ми имаа испратено покани за меѓународни оддели и за балканските конфликти, а јас тоа го жртвував за да останам тука и за да помогнам. И што се направи? И кога видов дека не се прави тоа што треба да се направи, ден денес ми е многу жал што не се случи тоа и затоа се повлеков“, нагласи тој.
Атанасов укажа дека СДСМ не дозволи да го направи тој што имаше предвидено во делот на образованието и се чувствуваше дека ја нема таа сериозност во владата за да смени нешто за подобар живот на граѓаните.