Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми од спроведен надзор над медиумското преставување за време на референдумот констатира прекршување на правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење на 25 септември 2018 година во програмскиот сервис на 1 ТВ.
– Имено, 1 ТВ, на 25 септември 2018 година, во повеќе наврати ги објави резултатите од испитувањето на јавното мислење во врска со референдумот спроведено од агенцијата „Рејтинг“, а нарачано од 1 ТВ, откако заврши дозволениот период за нивно емитување, најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето, односно во конкретниов случај до 24-ти септември 2018 година, наведуваат во соопштението од АВМУ.
За сторениот прекршок, против 1ТВ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најавува дека ќе покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд.