сабота, 13. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: Осуда за антиваксерските навреди за новинарите

АВМУ: Осуда за антиваксерските навреди за новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди навредите и вулгарните пораки што беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

„Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање“, се вели во реакција на АВМУ во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот.

Најнови вести