недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ разгледува мерки за олеснување на работата на радиодифузерите

АВМУ разгледува мерки за олеснување на работата на радиодифузерите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги разгледува сет мерки со кои би се олеснила работата на радиодифузерите, имајќи ја предвид специфичната положба на медиумите во услови на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, нивната општествено одговорна улога, како и можните последици врз нивното економско работење.

Мерките, чија цел е да овозможат непречено функционирање на радиодифузерите, Советот на Агенцијата ќе ги донесе на седницата што ќе се одржи следната среда.

Воедно, Агенцијата ги повикува радиодифузерите на медиумските работници да им ги обезбедат неопходните заштитни средства со цел безбедно извршување на нивната работа. (МИА)

Најнови вести