четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ со осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

АВМУ со осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Телма при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија.

-На новинарите и медиумските екипи треба да им се овозможи слободен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи, велат од АВМУ.

Работа на медиумските работници е да известуваат секогаш и од секаде, а обврска на институциите е тоа право да не им го попречува со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање.

Најнови вести