Претседателот на Стопанска комора на Република Македонија, Бранко Азески во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на ваша страна вели дека уште минатата година се виделе првите знаци за климаво парламентарно мнозинство, нагласувајќи дека со добра волја на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лично претседателот Христијан Мицкоски излегле во пресрет во однос на донесување на сет на економски закони за кои тие како Стопанска комора инсистирале да бидат донесени.
Не веројатно е дека едни локални избори се претворија во политичка криза, но не е тоа неочекувано за нас, затоа што во втората половина на минатата година и почетокот на оваа година се видоа првите знаци на немање мнозинство на донесување на клучните економски закони. Вие добро се сеќавате дека и јас и Стопанската комора неколку пати реагиравме на тоа, на неколку пати имаше добра волја и од најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и лично од претседателот Христијан Мицкоски и се излезе за донесување на едни сет на закони за кои што инсистиравме и беа потребни во моментот, вели Азески.