недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Азири: Заев побара гласање на доверба на влада затоа што има огромна недоверба помеѓу коалиционите партнери

Азири: Заев побара гласање на доверба на влада затоа што има огромна недоверба помеѓу коалиционите партнери

Елми Азири, пратеник од Алијанса на Албанците во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“, зборуваше за мнозинството во Собранието и според него мнозинството во Собранието има проблем со бројките.

-Јавноста знае дека мнозинството има проблем со бројките односно има само 62. Еднаш во месецот кога имаат за гласање нешто се собираат 62 , рече тој.

Азири во текот на своето гостување зборуваше за гласањето на доверба на Владата кое беше побарано од страна на Зоран Заев и тој посочи дека Заев тоа го направил за свои потреби. Азири мисли дека има огромна недоверба помеѓу коалиционите партнери.

-По гласањето на доверба на влада никогаш во Собранието мнозинство немало 62.Имавме и случаи кога се одложуваа пленарните седници поради немање кворум. Јас мислам дека Зоран Заев тоа го направи за свои потреби, мислам дека има огромна недоверба помеѓу коалиционите партнери. Ние слушавме претходните денови дека одредени пратеници од други помали политички партии даваат изјави за самостоен настап и дури и мислам дека некои пратеници од помалите пратенички партии имаат и различни ставови за одредени прашања за разлика од Заев. Сметам дека тоа беше за негова потреба, тоа беше за внатрешна употреба да каже дека има 62 и продолжува понатаму. Реално во политичкиот живот, во политичката сцена немаше никое влијание затоа што утредента немаше 62, кажа тоj.

Најнови вести