вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Азманов: Се потврди дека СЈО и Финансиската полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање

Азманов: Се потврди дека СЈО и Финансиската полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање

Азманов е еден од бизнисмените кои се одважи јавно да проговори за начинот на рекетирање. Тој обвини за директна спрега на сега протворениот Боки 13 со специјалната обвинителка, пренесува Канал 5.

Во сведоштвото на еден од бизнисмените кои бил цел на рекетирање, бизнисменот Азманов тој и денес стои зад своите зборови кога обвини дека телевизиската моќ Бојан Јовановски и блискоста со моќни луѓе ја злоупотребил за да го уценува и да го елиминира од пазарот.

Повеќе детали Азманов во својата денешна изјава не сакаше да открива бидејќи веќе по допрен глас бил повикан во обвинителството за организиран криминал и не сака да и наштети на истрагата. Тој смета дека целта на рекетирањето било да се дискредитира неговиот бизнис за да може некој друг ,како што тврди тој,  да нема конкуренција во градежништвото.

Тој од министерот за внатрешни Спасовски уште пред неколку месеци побарал да се поведе истрага за сите наводи кои биле спомнати против него но да се спроведе истрага и за работењето на Бојан Јованоски.

Азманов е еден од бизнисмените кои се одважи јавно да проговори за начинот на рекетирање. Тој обвини за директна спрега на сега протворениот Боки 13 со специјалната обвинителка.

Азманов сега остава на надлежните да го решат случајот и да ги расчистат сите работи до крај.

Најнови вести