вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајрами од Антикорупциска: Постојат повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба во јавните набавки, огромен број на слабости и непочитивање на законската рамка

Бајрами од Антикорупциска: Постојат повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба во јавните набавки, огромен број на слабости и непочитивање на законската рамка

На вечерешното гостување во „Отвореното студио“ на Телевизија 24, претставникот на Антикорупциската комисија Нури Бајрами истакна дека системот за јавни набавки има голем број недоречености и слабости, многу непочитувања на законската рамка и акти, и постојат повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба.

Нури Бајрами од Антикорупциска комисија истакна дека ги следат уредбите, секогаш има најмногу сомнежи во делот на јавните набавки.
Тој вели дека системот на јавни набавки за време на коронавирусот го следат многу слабости и недоречености, многу непочитувања на законската рамка и законските акти, кога во нормална состојба има слабости, веројатно има повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба, вели Бајрами.

Бајрами посочи дека законот за јавни набавки претрпел навистина големи измени дури 17,18 пати, и по четврти пат имаме нов закон за јавни набавки.

Тој образложи дека иако со новите измени треба да се има поголема транспарентност во објавувањето на набавките од институциите, транспарентноста не подразбира самообјавување оглас со линк, туку таквите огласи да се објават и да се остават на веб страните на институциите сите постапки од јавните набавки, и така ќе можат сите истражувачи, невладините и Антикорупциска да имаат увид во секое време.

-Мене лично не ми се допаѓа она што сега е дел од новата стратегија за транспарентност на владата, затоа што како што се согласува со соговорникот дека не е се од јавните набавки објавено како што треба, некој се повикува дека сме во вонредна состојба и дека имаме ограничени ресурси и можности треба тек да се гледа во наредна анализа затоа што слабости се и од незнаење и ненамерни, што не ги ослободува од одговорност, како и со мотиви за корупција, намерно да се оствари корист и да се злоупотребат буџетски средства за некои од службените лица за себе или за други, вели Бајрами во „Отворено студио“ на Телевизија 24.

На гостувањето соговорникот Герман Фирков од Центарот за граѓански комуникации се согласи со Бајрами дека системот навистина има слабости, и во време на набавки на опрема и дезифициенси за справување со коронавирусот треба особено да се внимава на цените по кои одредени производи се набавуваат од институциите.

-Ако одите во аптека да купите маска за 35 денари, а гледате дека институција прави јавна набавни за 3000 маски по цена од 50 денари на пример, ќе сфатите дека нешто не е во ред со таа набавка, вели Фирков.

Фирков посочи дека навистина недостасува и проблем е недоволниот и нејасен опис во јавната набавка, пример за набавка на скафандери, ние не знаеме какви скафандери се купени, како и за ред останати производи.

Тој вели дека има и други ризични фактори како што е брзањето со набавката, веќе во светот се појавуваат фалсификати при набавките на дезинфициенси, кај нас кој тоа ќе го провери и кога, праша Филков.

Најнови вести