петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бакраческа: СДС и ДУИ ги понижуваат работниците и ги третираат како робови

Бакраческа: СДС и ДУИ ги понижуваат работниците и ги третираат како робови

Работниците кои ќе бидат ангажирани на коридорите 8 и 10 д ќе бидат ангажирани далеку повеќе од предвиденото 40 часа работа неделно. Дополнително работниците може да се доведат во ризик, бидејќи во градежниот сектор е најопасна работата и се изложени на низа ризици, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната собраниска седница во врска со законските измени поради изградба на коридорите 8 и 10д.

Бакраческа праша, како да веруваме дека се заштитени правата на граѓаните, нивното здравје.

„Оваа власт ги понижува работниците и ги третираа како робови. Имаме експерти кои ја напуштаат државата и тоа го прават зошто никој не ги цени, не го цени нивниот труд. Тајноста на договорот пак јасно укажува на коруптивни и криминални дејствија. Кога државата склучува договор и троши народни пари тоа мора да е јавно, тајна може да биде технологијата, но не и потрошените народни пари“, рече Бакраческа.

Според пратеничката 70 проценти од ангажираните работници ќе бидат од странство.

„Зарем вака ги штитите граѓаните, вие не ги штитите ниту работниците, ниту за здравјето на граѓаните. Вие наместо да ги штитите своите работници и нив да ги ангажирате, вие ангажирате странци“, посочи Бакраческа.

Пратеничката потсети на статистика која укажува дека младите до 29 години најмалку се застапени во градежништвото.

„Прашувам што е тука европско, и ЕУ делегацијата во земјава укажа загриженост затоа што се употребува за закони кои имаат вредности кои не се европски. Се разбира вие крадете со изговор, го криете договорот, а криењето значи корупција, ние не поддржуваме корупција“, заклучи Бакраческа.

Најнови вести