вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Банкрот држава, ни со ребаланс на Буџетот нема да се направи ништо

Банкрот држава, ни со ребаланс на Буџетот нема да се направи ништо

Јавниот долг на Македонија официјално надмина над 60 проценти од БДП. Максимумот кој го дозволува ЕУ, за прв пат во нашата историја. Само за 3 месеци од април до јуни скокнал за 1 милјарда евра или 9% од БДП покажува извештајот на министерството за финансии за состојбата на јавниот долг заклучно јуни.

Јавниот долг на земјава за три месеци во периодот од април до јуни, кога ефектите од корона кризата беа и најголеми скокнал за речиси 1 милијарда евра или за 9 проценти од БДП, покажува извештајот на Министерството за финансии за состојбата на јавниот долг заклучно со јуни.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на сред презентацијата на ребалансот на Буџетот кој е на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите. Тој и им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни. Па така наместо 59,5 проценти од БДП колку што кажа пред едена недела кога ребалансот помина на влада, сега тој ја надминал критичната граница од 60 проценти и изнесува 60,3 проценти од БДП. Има корекција и кај буџескиот дефицит, кој наместо 8,4 ќе изнесува 8,5 проценти од БДП. Министерот рече дека корекциите се резултат на редовната ревизија на номиналните вредности на домашниот бруто-производ од страна на Државниот завод за статистика објавени на 5 октомври.

-Со ваквиот нов номинален износ на БДП дефицитот во Буџетот за оваа година наместо 8,4 отсто, ќе изнесува 8,5 отсто иако неговата апсолутна вредност останува иста. Исто е и со надворешниот долг, кој според номиналната вредност на БДП од 30 јуни годинава во однос на БДП беше 59,5 отсто, а сега со надолната корекцијата на номиналниот БДП иако долгот е со иста вредност од 6,527 милијарди евра, претставува 60,3 отсто од БДП, рече Бесими.

Наспроти ваквите енормни задолжувања во досегашната историја на Македонија во време на пандемија, здравственаи и економска криза, и отпуштања на работници власта троши државните пари ненамеснки и нерационално.

Ребалансот покажува дека за мебел за државни институции со буџетот биле предвидени 1,5 милиони евра, но сега со новиот ребаланс скокнале на 2 милиони, дополнително 500 000 евра. Ненаменски трошења во време на криза додека се отпиштаат работници.

Со вториот ребаланс за годинава има повеќе пари за финансирање на политичките партии, за извршни решенија, за купување на мебел и за привремени вработувања.

Најнови вести